фармер (м.)

Еден фармер, оддалечен осум километри, гледаше во нискиот полноќен облак и здогледа некакво далечно светкање и искрење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Широко е прифатено дека вештината на одгледување храна мора да се сочува, дури и ако фармерите само незначително придонесуваат за светиот грал наречен национален бруто- производ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше примен и од тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, од ресорните министри, посети неколку потенцијални фармери, предели во Македонија каде што сметаше дека ќе има најдобри услови за новата козја револуција во земјата на некогашната бела контрареволуција на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потоа пристигна уште еден гостин, еден фармер по име Џон Биро, еден Асирец кој поради осаменоста беше научил да зборува ерменски.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој мирно го поведе коњот кон шталата на едно запустено лозје, кое едно време беше гордост на еден фармер по име Фитваџијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фармерот се оддалечи и јас отрчав до братучед ми Мурад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)