фела ж.
фелах м.

фела (ж.)

Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Се разбира, можеби постојат исклучоци” додадов „но тоа се мали недоразбирања и хулигански пројави на неодмерени поединци, а тие поединци барем засега и не би требало да се сместуваат во оваа фела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ако ако тајните агенти беа малку од малку асолна фела Немаше сите до еден сами да мијат садови дома
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А вашата фела за жал толку неодговорно ги истура“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Инаку, Шлатас беше атеист и социјалист по убедување, но ангажиран во националната влада исто како и комунистката Спирка, која мора да се признае дека имаше поголеми мадиња од цела новинарска фела заедно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наеднаш, тие излегуваат на патот по кој врви писателската фела и прават гужва во сообраќајот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)