физикален прид.

физикален (прид.)

Ти треба физикална терапија, ми велат, ништо не ми треба, им велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, тоа боли: погледнете ги сликите на средновековните мартири: какви физикални маки, крв, какви гримаси на бол.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)