фикус м.

фикус (м.)

Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тука е, шепнува. Сокриени зад огромниот фикус, ја гледаме како уште еднаш заминува...и веќе е на крајот на мермерниот базен: се нурнува, се потпира со рацете на работ, изронува, се извива над водата, се одделува од неа со капки посеани по лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Полека и со внимание ги бришеа листовите на фикусите, филадендроните, палмите, адамите и кралските бегонии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Мама ниту еднаш не ме пофали дека убаво ги бришам фикусите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа ме кара, а дволичниот Чико гледа некаде неопределено преку прозорецот, клатејќи се на листот од фикусот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Раиз секоја пролет го поткаструваше фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раиз, знаеше дека поради тоа беше виновен алчниот фикус.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еден ден Раиз целосно го исекол фикусот, го раздели засекогаш од палмата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Денес имам многу повеќе години, многу помалку коса на главата, немам фикус на балконот и сѐ уште немам одговор на прашањето што ми го постави татко ми кога имав четири години.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Сине, тоа се само сенките од фикусот – ме успокојуваше таа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А кога ќе се разбудев, на прозорецот гледав само обични сенки од фикус разиграни од слабо ветре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)