фустан м.
фустанче ср.

фустан (м.)

По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот ѝ се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
НАЦА: (Помлада и покрупна од својата чорбаџика, облечена во нејзин износен фустан, кој на неа, оптегнат, пука, со ракавите засукани над лактите, со завиткани плетенки преку тулбенот на главата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Нека се облече во фустан и нека се забради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како претоварена гемија однегде доплови дебела девојка во црвен фустан, ги развлече намачканите усни и седна до него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можев да се замислам во фустан. Освен тоа, што ќе речеше Ана?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
При скокањето ѝ се закачи фустанот за чекулците, ама бргу се откачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Какви вустанки, какви шалварки, какви гаќи ќе ми носи! Му е гајле на нашите жени дека не носат гаќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На неа е сѐ лажно - и ученичкиот фустан и плетенките и солзите на очните рабови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Данче погоре го поткрева фустанот: Баш ми е гајле, ако сакат и келнерот нека го исправат овде да им запее...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дојките ѝ потреперуваат под тенкиот проѕирен фустан, кој ѝ ги открива голите рамена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И старата круша го облекла својот зелен, празничен фустан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дрвјата си шиеја нови зелени фустани, поубави од ланските.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа би дала и фустанот да ѝ го извалкаат, и да ѝ го искинат, и косата да ѝ ја растурат и кондурите нека ѝ ги земат, само да може да се замени со малата кукла, што се сви сега во топлата прегратка на Маја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И поинаку да се облекуваш. Високи чевли, долги фустани, не смееш да кусуриш. Мораш да си независна од мажот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа беше облечена во светло син фустан, а косата како позлатена ѝ светкаше на сонцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе