хм изв.
хмељ м.

хм (изв.)

Хм! Го гледаш Костадинчета? Колку е итар, сојот му кажува!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Хм! Што друго освен да отидеш до Дика и него да го молиш да направи некако да те куртулиса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Значи, заминале, - си рече и се накашла. - Хм, да... Добро...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стоеше и гледаше во слушалката. -Хм... Што ти е телефон!?...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И неговото сламено мече, кутрото! И мачорот Фигаро! Хм, ќе го фати ли?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Хм ... Тогаш ... Тогаш нека биде така ... Смешајте се со борците ... - се насмевна учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Митре мрмореше крај нас: - Хм, чудна жена!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Хм, кој знае што би било со мене! Врагот би ме зел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Па, па... - почна да пелтечи. - Па што, па? - Па има вкус на млеко... Хм, може да се јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Хм, - пристори Коте изнервирано. - Што знам каде ја ставило жеништето, рече и излезе надвор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„На врв бука чекутка, на чекутка метла, над метлата пештера, над пештера воденица; два плота, на плотот соленица, до соленици две погачи, над погачи две кандила, над кандила две пијавици, до пијавици два лилјака, над лилјаци бел тарун, над тарунот честа гора и во гора диви бравци...? А?” „Хмм, тоа е... Тоа е: снагата човекова, потоа главата, брадата, устата, мустаќите, носот, образот, очите, веѓите, ушите, челото, косата и вошките...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Престава, велиш? Хм! Кметот за да не се заостри работата, му шепна на учителот: - Не лути ги... И оревот и каменот е во нивни раце...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И тогаш во куќата каде што бил скриен малечкиот Исус, одненадеж изникнал бршлен, и така тој се спасил. - Хм, интересно... - рече полковникот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Англичанецот се исправи, го потпре грбот на столот, и држејќи ја чантата в рака, умот му појде на она што пред малку го рече учителот, и рече: - Значи така: „Овошка на пат...“. Хм. Интересно...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Хм, да си ебам векот, си велам, ама продолжувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ви се молам! – велам. Хм, ми притекна баш сега.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Хм, си велам, ќе ти покажев јас тебе да не бев умрен и при тоа ми станува смешно од помислата на сите оние движења што за тоа се потребни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ѓавол би ги јал! Хм, така велам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Хм, не знам што ломотам....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Хм, сторија луѓето. Магаре не можеше да се најде, но се најде мазга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе