цевче ср.
цевка ж.

цевче (ср.)

Потоа ќе ги забележите стаклените шкафови што содржат импресивна колекција на прибор за пушење и предмети во врска со дрога, од разни цевчиња до шампон од марихуана, „liquid XTC“ и смарт друг прашоци, плус две големи кутии со кондоми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неповикан, келнерот дојде и му ја наполни чашата со џин „ Победа“, истресувајќи во неа неколку капки од едно друго шише, низ чија затка минуваше едно цевче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)