цепи несв.
цепивлакно ср.

цепи (несв.)

Тогаш сите национални и религиозни пропаганди, коишто го цепеа народот на разни групи, непријателски една кон друга, ќе се отстранат и ќе настапи мир за народот, за Македонија, за Турција и за Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од локомотивата се прскаа в мрак илјадници искри, таа брзо ја цепеше далечината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Немој и да жалиш пари и да го цепиш грошот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со нарамена торба и стап во раката, Аргир ги цепеше првите мугри, поднаведнат, забрзан... народните учители стариот учител Климент Изморените галеби одамна веќе ги склопија своите бели крила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот глас громовито ја цепеше тесната ќелија, зборовите заканливо јуреа, се заплеткуваа во некаква злобна караница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа тројца селани и го цепеа високиот наврнат снег, оставајќи зад себе една длабока бразда, во која стапалките едвај се распознаваа; не многу далеку зад нив врнежот веќе почнуваше да ја зарамнува таа нивна трага, но тој ниеднаш не ја скуси нејзината змијолика издолженост низ длабоко притулената снежна шума, бидејќи за тоа време тие веќе имаа пробиено уште толку во матната белина напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За една ноќ таа не можела да стане толку тврда како кога се цепи целина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би цепел и дрва, но чичко Петре не го остава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Чекај ќе ти сварам ошавче, му велам, зошто цепев сливи, зошто правев сушеници, велам и одам, барам, клавам да се варат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А таму, некаде, топовите само маваат, бувтаат. Ги слушаме како дондека. И земјата се цепи и се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие наближуваат, штрапнелите фрчат низ шумата, се цепат дрвјата, а ние ги пикаме главите в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден војник почна да го цепи Ставревиот крст.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се цепи дрвото, од корен подрипнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И само што стави нога на првото скалило, ние зинавме да викаме: — Товариш Хрушчов, товариш Хрушчов, викаме, ја креваме земјата, ја цепиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ах, ти македонски сволоч, слушам зад себе и ми испаднаа листовите што ги цепам од момирокот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе