цинично прил.
циничност ж.

цинично (прил.)

Јас нив никогаш не сум ги сакал. - И цинично ме праша. - А ти? Не одговорив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вистинското свое лице, цинично и безмилосно, го покажуваа на крајот на војната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Приказната? Дива сатира. Неумоливо, луто, сурово, цинично изложување на официјалната хипокризија, пуританската репресија, религиозниот авторитаризам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој гледаше во мене цинично и рече: „А зошто би ти ја вратил?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„О!“, рече цинично копилето; „Па дали тоа значи дека јас ја имам таа чест да го имам оригиналот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ме погледна, се насмевна цинично и рече: „Утринава. Дали тоа нешто менува?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На ова, оние кои беа на чело на промените, цинично се смешкаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вреди, би рекол цинично Калигула, сѐ дури постои барем уште една глава за да се стави под ножот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Релаксирани, жими мојов!“ се поднасмеа цинично и отпи голема голтка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го побарав и Кочо Рацин. Цинично ми рече дека е исклучен од Партијата и ми порача да си ебам мајката.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На ова Шарон иронично и цинично му одговорил: Понекогаш на Бога треба да му се помогне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)