црнило ср.

црнило (ср.)

Најпосле, обиди се да ги заборавиш овие нешта, онака како што ги забораваш твоите црнила кога си пијан. (На вратата чука Неда.) Молам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на овој век.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ви се молам. Оставете ми ја мене можноста преку сево ова да се извлечам од моите црнила и да му се оддолжам на тоа што сум бил и јас некогаш - младич.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Утрото со блескав превез и свежина ги распавта матнежот и црнилото од ноќта.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А какви ли црнила оставиле зад себе волците што синоќа се сјатија на колибата?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да им го мирисаат црнилото!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Наместа снегот, натрупан по дебелите стебла и гранките на буките, сосем ги скриваше дрвјата, некаде пак каде што тој не навеал добро или се одронил пред време, се покажуваше црнилото на испреплетените стебла и гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го остави тоа црнилото мое, та ете — побегна со вој прикрепникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето секнеа црнила од носовите, намовнуваа и викаа: - Господе, не слушај го...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Меѓу годините и мракот, болјарите го кинат црнилото од острите камења на далекиот пат кон Портата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наоколу. Го обземаше мракот, го осветлуваше ноќното црнило.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
И дека со себе ги понесовме црнилата од таа соба?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да знаеш само каква темнина ќе те заплисне кога ќе ги отвориш очите а насекаде наоколу црнила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Спремни и да поплачат со тебе само за да ти го поплочат денот со црнило. Глупата лековерна јас, слушам слушам зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас божем трчајќи кон среќата сум трчала кон она другоно, црнилото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И покрај сите црнила и балкански премрежиња, Татко не престануваше да верува во овдешната изрека дека планина со планина не се сретнува, но човек со човека - да.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Коњите беа црни и нивното црнило сјаеше во мракот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе