црнка ж.

црнка (ж.)

Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еднаш ти кажав. Се говори за тебе и за онаа црнка од болницата, ти реков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нивните црнки со отапени врвови не допираат далеку и умираат во своето лежиште, лежат во смртта поклопени со нејасност и непознатост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во црнките на Арсо пак се затести познатата темнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Окото се доближува и во црнката се врти темна оска и сега, само за неколку мига ќе се закопа во живото месо на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Арсо сомничаво ги тркала црнките во отворените очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наизлегуваа на чистината, шест издолжени црнки, зашарија неспокојно по таа искричава белина, задушкаа во сите нејзини катчиња, одминувајќи лесно, како да се слизгаат по неа, а за сето време доаѓајќи сѐ поблиску до неговиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штотуку беше се спремил да си се прибере во своето легло, тој забележа како некаде на самиот најгорен крај на голината прострелка една сосема поинаква црнка, а после, наполно откриено, таа зеде да ја крстосува неа со своите високи скокови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сака нешто да ми прочита во нив, низ црнката да ми се провре во срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие денови што одевме в поле, ни се примирија црнките во очите, ни се поправи видот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога мислам на тоа утро, ми се чини дека во црнкиве мои сѐ уште нечујно се движи намален коњ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И бидејќи бил насликан на сферична површина, си можел да застанеш каде сакаш во таа одаја, а тој сѐ така еднакво и од секаде те гледал со своите ситни очи, со црнки во нив како кај мачкиниот род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја виде како доаѓа небаре волшебно привидение - девојче со најчудесна коса како зрело жито и со темни очи, очи со црнки светнати како светулки низ летната ноќ...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа прикажуваше спокојно и гледаше само пред себе. На Рангела му се запалија црнките.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И дури зборуваше, тој покажуваше со колку деликатни движења ја вршел сета работа, а црнките во зелените очи понекогаш ќе му се збереа, небаре силна светлина го заслепуваше од тие сцени што му се будеа во свеста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе