чаир м.

чаир (м.)

Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За завеса се зедоа чаршафите од архиерејскиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега пак, ене го каде ги брка јагнињата во дедо Маловото асло, ждребето по ливадите и децата на чаирот. Од дрвата направи цела променка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој им зборуваше на „советниците“ што седеа на масата, но неговите пламени зборови достигаа до ушите на сите селани, дури и до ушите на оние што не гледаа — од сред чаир.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коле ја зовре гајдата, Толе го поведе орото и за час се растегна по целиот чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Чаре? Море, оди легни си на чаирон, стави нога преку нога и ѕвери се во небоно. Господ сѐ гледа и ќе те разбере!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вие сте богата куќа, имате ниви, лозја и голем чаир.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги кутина тој луѓето како некој пеливан полеан со масло, што се рашетал по чаирот и не мирува дури не ги види сите на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Една извилеста патека води од бунарот, низ бавчата, па надвор нагоре по чаирот дури не упре одеднаш во самото сино небо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)