часкум прил.

часкум (прил.)

Претчувствувајќи нешто што возбудува часкум се начичкавме по прозорците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мала е и сепак џин, часкум светов ќе го мине.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше светлината која можеа да ја имаат само нејзините очи. Светлината часкум блескаше и часкум се губеше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му ја стави в уста, а тој влече и гледа во високото небо кое во партали синее меѓу врвовите на буките, часкум губејќи се над густежот на гранките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)