чај (м.)

Каков чај на деветти мај? Но Панче Маџар знае што значи чај кога порачува Пушмарко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па и бурмут го научија да трпа, та, ене го и тој дошол и седнал кај Петруша, којшто покрај бурмутот и цигарата и „чај“ му нарачал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира, „метаксас“ коњаче кое поднесува и лимунче во себе и наоко изгледа наивно чајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чајот облагородуваше. Го точеше најубавото од нивните срца.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А најмалу дека ќе го разбранува еден обичен, најобичен чај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само мирисот на чајот остана да го пече посилно од болката во грлото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му ја подигнуваше главата и му налеваше в уста блуткав топол чај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Молчеше, работејќи околу чајот. Тоа беше неговиот крст, неговата судбина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега стоеше крај печката и гледаше како чајот зовира во чајникот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби тој и го прекина старчето кога рече по малку: - Чајов е готов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој потстанува и внимателно ја прима шољата чај) И не е случајно пронајдено? Мислам - писмото?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Но јас премногу доцна го читав Дучиќ. Уште чај?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И додека точи чај, се обидува да ја открие смислата на посетата) Рековте дека сте машиновозач на вечерниот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Се довлечка до настрешницата. Знаеше каде стојат чаевите на дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ѝ препорачуваше да пие крв од гулаб, од желка, чај од велебилје, од жалфија, од чемерика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зема чај и седнува на масата до нас. „В џенем фатите“, ни вели.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чај од јасмин? Тоа се славеи меѓу калинките, да. Шеќер? (Навива будилник.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тогаш Трајче свари чај и ѝ го подаде на мајка си.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе