чергиче ср.

чергиче (ср.)

Ги отворија прозорците, вратите, па со метла го изметоа подот на стариот вагон, со крпа ги избришаа клупите од правот, пластен на нив со години, го проветрија убаво, па послаа на две клупи две чергичиња и легнаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во ткаено торбиче ми кладе шише вода и чергиче.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Едно утро тргнувајќи на работа, ја отворив влезната врата на мојот стан и пред вратата имаше што да видам: на чергичето пред вратата лежеа моите стари чевли, сосема искинати, тажни и жаловни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И додека мажите пиеја ракија за среќното вселување која којзнае од каде ја изнесе тетка Перса, сандуците веќе беа покриени со шарени чергичиња и станаа природна целина со сите други нешта во одајчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Штом ќе се чуеше езанот од минарето, повикот за клањање, и штом муезинот ќе го кажеше она „Господ е голем”, Неби-ага паѓаше на коленици врз своето чергиче и почнуваше да клања во правец на Кибла, или кон патот за Мека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа дојде, си ги навлече патиките, заклучи, го стави клучот под чергиче и заедно си заминавме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа уживаше во мирисите и боите на прекрасната градина, знаеше со саати да си лежи на едно ткаено чергиче под расцутените црешови дрвја, да ги слуша разговорите на птиците и да си игра во мислите со облаците...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оние што ме учеа како се заплетува ги испратив, не се меѓу живите, па секој 1 мај „излетувам“ со корпа покриена со бела навезена крпа, без чергиче, врз мермер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)