черупка ж.

черупка (ж.)

Оклопот на черупката можеше во секој час да попушти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја собра главата во рамениците. Металната покривка на болничката кола се оддалечи од него, стана безопасна за јаката черупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треба да пуштам коса, се сети. Оваа татарска черупка ги плаши луѓето и предизвикува недоверба кон мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го жалеше Ивана и се чувствуваше како виновник за она што можеше да му биде заседа од тој поп-непоп со јоргованести лузни на голата јака черупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На орлиштата им се придружувале мравки и лакоми стаорци а тревата, изгорена од крв, се сушела: се бијат Карпошовата војска и Паромоновите ајдути со јаничарите и со аскерот, колат и паѓаат заклани, се крши железо, пукаат черупки, се множат купови мртви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, крвава, исклештена и кобна, врзана во вилиците со последни нишки месо, некој, најверојатно молчаливиот бабачко од Анадол, им ја грабнал на пците и ја наместил на кол пред Али-беговата воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одвреме-навреме кацигата се топеше. Остануваа само роговите на голата черупка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На изгладнетите не им дошло до срамови ами сакаат да ја отворат черупката за да каснат нешто.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако си мала, не значи дека и грижите ти се мали. Некои грижи можат да се сокријат во черупка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И срамот може да се сокрие во черупка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)