чир (м.)

Топлата сулфурна вода лечи разни болести: реума, ишијас, чир во стомакот, мајасул, начеток, егземи, астма, црвеница, жолчка, бубрези, катар и многу други болести.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од чировите по нозете и по рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градот, тројно здебелен, со кариес од чадот на големите фабрики и чир на дванаесетпалачното црево од сообраќајната бркотница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гнојот од чиревите, целата крв, се размачкува, ѝ се растекува... гровта уште посилно од тато... ја стегнувам... се грчи... силна е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Му излегоа на почетокот на месец септември цел куп чирчиња, првин под мишки и после еден огромен чир зад вратот, кој се претвори веднаш во антракс.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неговиот чир ќе исчезнеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој имаше голем чир, па имаше и температура.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако сум чир од очајот сечи ме та расечи во портокалови усти.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Секојдневните парадирања на тоалетната МуџаХедис Тв предизвикуваа немир и чир на дванаеспалачно па подобро беше да се гледа Дискавери отколку овие човеколики животни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Слободата овде е неостварен сон измеќари како во колибата на Том удри со камшик по ниските класи работата овде човекот го гнаси Та не сме саде ние, та не сме саде тука да фаќаме стресови и чиреви од мука стани утре порано за ситен минималец вени да ти попуштат за клет работодавец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Полека го подготвувавме. Најпрвин дека имаш чир на желудникот, па дека треба да се оперираш, но на крајот моравме да му ја кажеме вистината, дека имаш рак на желудникот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)