чифчија м.

чифчија (м.)

Каков нов и млад момок беше придодаден кон еден долгогодишен момок, и овој си ја зеде грижата да го оспособи Сталета за добар чифчија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа вечер имаше што да му каже Ката на Стевана, а Стеван уште сабајлето го пренесе тоа, и веќе утредента по разговорот сите Адемови чифчии знаеја дека Адам ќе го продаде чифлигот на некој си Јована од Прилеп, сосем нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За неа и за сите чифчии беше голема чест да влезе во нивна куќа бегова посестрима.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А уште почесто зема од чифчиите да работат по бавчите и двориштата на агите, а по извршената работа, ако си ја бараат платата, од ќајата добиваат само ќотек.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ајде, кажи ми сега нешто за чифчиите што се околу тебе,” го сврте разговорот, небаре сожалувајќи го рибарот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не беа заоставени и неколку заемки и од областа на аграрно- правните односи како: вакаф, задужбина, имот што припаѓа на некоја џамија, а и црква (од арапски vkif); чифлик, чифликсајбија, чифчија, чифлигар, (од турски çiflik, çifliksahibi, çifçi).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)