чорба (ж.)

Е, мој чорбаџи, нејќеше малце да се свиткаш, сега се скрши сосем, чорбо кисела!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А сиромасите прават од нив коркутка, вкусна густа чорба - тоа им е главно, а често и единствено јадење.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Однадвор идеше малаксано џангарање во тенекиени садови, искинати разговори, плискање на чорбата во садовите и мласкање со уста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една вечер Змејко помисли на тоа каква може да му биде вечерата на тој извишен како ластар младич, кога таа се состои само од една чорба и кога може да чини само една круна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во чорбата имаше мали ситни парчиња месо од конзерви.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По средината на полјанката, најубавото и најчистото место, беа распослани бели, ленени чаршафи, а врз нив веќе беа наредени тепсии со баници и зелници, тенџериња со чорба и грав, пиперки, чинии со сирење, со зелје.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Првата попатна станица ни беше Сегедин, каде што нашите сопатници нѐ поведоа на еден унгарски гурмански специјалитет - аласка чорба - и на капка „барацка“, ракија од кајсии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малебџилници - тоа се всушност гостилници каде што се готви јадење само пилешко месо: печено пиле со или без ориз, пилешка чорба и ориз, некои пудинзи со месо од градите на пилињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун мириса на пача, на шкембе чорби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе седнеме да прекаснеме чорба од киселица, а цело време гледаме во сработеното. 40
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пребаруваат: - Камо чорба, викаа и ништо од чорбата, ако не цапа во неа петел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Навистина, чудно совпаѓање. Пред месец дена, дедо ми, сркајќи чорба ми кажа дека сонувал како Црниот Туѓинец го пресретнува во улицата на дивите костени.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Мислевте ќе ве прифати нов свет, негибнат од инфективните раце на цивилизацијата, а завршивте како чорба на ритуалната трпеза на дивото племе Њам-Њам. – избезумен се врти кон брат му – Беднику, зарем не сфаќаш.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Го мрцкаат носот во танките чорби, ги оближуваат лажиците и само ждригаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Селото навистина веќе мирисало на свадбарски чорби од пресно бравско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Краста: Не јадам чкембе чорба, грав или боранија!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе