чувствување ср.

чувствување (ср.)

- Залудно се мачиш со твоите сомневања. - Ох, мили, скап мој, како да го пронајдам оној збор што ќе го изрази она чувствување на жената како мене, слезена вака ниско.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некаков чуден хаос од нови мисли и чувствувања го вознемирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се мачи да го потисне тоа свое чувствување, но тоа уште повеќе го прави несреќен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А чувството за тоа дека рацете им се исти, тоа чувство за близината, се враќаше кај него со секој нов дојден човек, со секој нов чивт набракнати раце, сѐ додека тоа чувство во него не израсна во некакво чудно чувствување како да си е дома, со тие луѓе во сините валкани комбинезони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше првото, што можеше да го сети со оние најкрајните нишки на можностите за чувствување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чанга, човек врзан за ритамот и дишењето на планината, потоците, громовите, имаше и во овој проклет град свој пулс на чувствување на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Без чувствувањето и замислувањето, вели Декарт ‘можам себеси јасно и одделно да се разберам’.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секое чувствување на можна трагедија, страдање, е исчезнато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Значи, надворешната полова информација, психичкиот момент или чувствувањето се така веќе она Нешто, што хемоелектрично во мозокот го зафаќа местото на центарот за полово уживање, а надразбата што ја нарекуваме сексуална е онаа суштина што е означена како сексуално надразлив супстрат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сликата се претвори во знаковен систем кој го отелотворува античкото чувствување и доживување (мисла на Ross Bleckner) кои се привлечни и вредни за присвојување токму затоа што станале премногу ирелевантни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Работам на преминот од линеарниот, еднодимензионален начин на мислење, чувствување и дејствување кон мозаичкиот, нула-димензионален начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вкусот, волјата, чувствувањето, сето тоа ја изобличува стварноста и ги раздвојува луѓето, означува диктатура, наметнување на сопствениот агол на гледање, односно слушање, херметизирање на работите со наметката на сопственото его.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ниту пак таквиот начин на чувствување на работите некогаш ќе заврши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислев на беспомошноста, како на едно од најрано осознаените чувствувања во животот и на тоа дека и покрај сите подоцнежни искуства беспомошноста останува нашата најчеста придружничка. Затоа и го избрав молчењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или влегувам во одаите на некое сосема поинакво чувствување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ова чувствување од читањето на овие книги е единственото охрабрување во вербата дека има излез.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе