чудесно (прил.)

Чудесно ѝ олесна. Ѝ се избистри пред очите: Драган беше добар, многу добар...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„О, како е чудесно убаво сѐ овде“, се тргна и тој и осети како му пламнува во душата нов, посилен копнеж за непреодоливата мечта...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На неа долга вечерна облека, припиена до телото, оцртува дражесни форми: бели, меки рамена, - дојки не многу големи, обли, во чудесно единство со нејзината не многу висока става.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
НЕДА: (Да го прекине разговорот.) Мириса чудесно.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Матерката чудесно и примамливо мирисаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Жолтото, топло, зрело лето! Од чудесно, почудесно! Мравките запејаа, заиграа - ела та гледај!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Полјанката е сега чудесно убава. Прилега на некоја слика, само раздвижена и озвучена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Инаку и тој, и добитокот и кучињата би се чувствувале како заробеници на ова за очи чудесно убаво, неописливо убаво бело зло.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан гледаше како работи дедо му, замавнуваше со косата, чувствувајќи при секој откос чудесно задоволство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не верувам дека нешто чудесно допрва ќе го измени мојот живот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Чудесно ќе те изненадат, ќе ти го изнаполнат срцето со топол ветар и веќе си сосема друг - гледаш само убави работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не, ништо, велите, простете А таа ќе ви одговори: - Догледање, повелете пак! - притоа длабоко ќе се поклони, чудесно, маѓепсно, ќе ве дамлоса.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој миг Големата вода личи на некој огромен разбој што полека, бесшумно, чудесно ткае.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудесно во неделната отпочинка во сопствената соба- оаза е ретка можноста повторно да трагаме по нашите фиоки, книги, по себе во топлите отисоци на предметите и чувствата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега, го гледам пред себе истото тоа чудесно девојче како ми вели: - Значи, одиме во единаесетиот век.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Живеат во чудесно меѓусебно грди односи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чудесно... Супер... Посакувам секогаш да е така и секој ден да имаме вежби.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Висока - се извишуваше над сите. Раскажуваше нешто и чудесно се смешкаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе