чудно прил.

чудно (прил.)

Јас знам оти чудно ви е ова што ви го кажувам ама не е чаре да ве излажам, чунки најпосле испат ќе ви го сторам и ќе ве уверам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој беше сѐ уште во Софија кога почна организирањето на оваа дружина, па не е чудно што толку активно се вклучи и во организирањето на Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си нашол друга!... Чудно ми чудо!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Чудно ми е како можев тогаш, во исто време, да го следам и злосторството на Кузмана и битката на густо збиените деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од тоа, некако чудно и за мене, лицето полно со сув лишај неочекувано му се собра.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме погледна некако чудно: - Зошто ти е црна мачка?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шо има чудно? — го прекина Неда разговорот и ги зеде торбите со ѓумовите — зашто веќе тоа го знаеше. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И чудно е неговото минато.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Само другиот говореше, некако чудно, со секогаш покажани заби. Горната усна како да не можеше да се состави со долната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од градите до песната од чекорот до чешмата сѐ е чудно разгалено.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пулсот на градот има чудно бавен ритам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Готово е, наеднаш попушти и сѐ му стана чудно и обично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И да не умреше Сулејман под Сигет, ништо чудно не ќе беше ако и Виена паднеше во неговите раце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука беше нејзината невестинска кошула, бела како снег, со ситен алов вез, која ѝ стоеше толку убаво кога беше невеста - висока, јадра, црноока и чудно убава Бојана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Усните се стиснаа над големите заби. „Тоа е малку чудно прашање. Со кое право сте директни?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чудно е дека во мене има некаква љубов за иста крв, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа ноќ кој бил буден околу полноќ и кој фрлил поглед кон небото ќе забележел нешто навистина чудно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе