чудовишно прил.

чудовишно (прил.)

Затоа околу Отец Симеон пулсираше сѐ со мака, сѐ се движеше чудовишно и без логика, сѐ беше управувано од неговиот мозок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вчас, змејот го заобиколи ридот. Неговото чудовишно жолто око, настрвено на нив, ги палеше нивните оклопи со црвен блескав сјај.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мозокот беше издупчен и изваден од своето коскено лежиште, нервите извлечени, како мртви жици од контролна плоча, мускулите истегнувани за да им се измери еластичноста, додека во подземјето на градот, Умот конечно не заврши со своите пресметувања и севкупниот механизам чудовишно и одненадеж не застана. Резултат. Ова се луѓе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еден од идентификационите рбети на нашето чудовишно многуглаво списание!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беше чудовишно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така, изборот на Татко меѓу двете граници преостануваше во сталинизмот, на оваа страна во бавно исчезнување, а на другата страна во чудовишно воскреснување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
2. Одење по печурки По рабовите на шумичките сенка гром, заблуда душевна поглед кој бара нешто нестварно стварно нешто кое има облик, но варира чудовишно мошне пошашавува под шишарките под игличките, трњата, папратта под правта и пепелта.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)