чун (м.)

Мече сакаше уште нешто да прирече, но Беличот нагло го сврте чунот накај една од малите купи, обраснати со шавар, што стоеја сред водата како острва.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Водата им досегна под коленици. – Да се вратиме на чун – плахо прошепоте Мече. – Почекај ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како по команда, рибарите ги поотпуштија веслата, погледите им се приковаа на колјата - дименџијата сосема го крена веслото - чунот подзапре, го измени правецот, него никој не го управуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Климент се враќаше со своите мисли во минатото и пливаше по него, како среќен рибар, кој со полн чун риби вплива по езерските далечини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чунот ја наближуваше куќата на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XIX Полковниците по пријатната прошетка што ја направија со чун по езерото, седнаа на чардакот во очекување трпезарот да го постави јадењето во трпезаријата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Езерото по кое бродеше стариот чун, осветлуван од месечината ни остана во сеќавањето големо како море, што со текот на времето, во спомените стануваше уште поголемо, океан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оддалечувајќи се, чуновите се намалуваа, Ги снема, се изгубија од пред нашите очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Веќе доаѓаат, - се израдува Барбут- бег. – Ене двајца во голем чун. Веслаат кон нас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Иако гардистите на Мортенија или на некој што управува со неа, не беа лесни, ги носевме кон брегот на реката и ги сместувавме во дрвените чунови. – по двајца или тројца во секој чун.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не сакавме во таква атмосфера да го повториме прашањето за судбината на нашиот чун. Ќе беше премногу.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Што се случи по војната со чунот? - нестрпливо праша најстариот брат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе