чупа ж.
чупале ср.

чупа (ж.)

Ќе земиш? Токо на, подржи го чупето да ти го изнеса „чудото" шо го собра воа зимо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чупето на даскал ќе го пушчи, пушка златна да а вркне, да даде господ! — вели Митра Ѓорѓиова, која исто така имаше врсничка на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море го направи, Доле, кусур господ да ме направе, токо којзнае шо ќе речат виа орјатки — еснафките; којзнае дали не ќе ми се сторе некој ќодер на чупето, којзнае, само меѓу волку машки магарчиња едно женско дали не ќе ми го напаѓаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаш најубавиот чупа, ама дали ќе дават татко и мајка, a? Не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште ни кажа дека чупето немало шушумига, туку дека увото ѝ берело, ѝ гноело.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Него, преку влевање на лажна надеж, со подавање на врбови гранки, божем за да го избават од сигурната пропаст, чупата Перуноска и Владимир Акиноски целиот тој ден го измачуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Којзнае кај ни скита чупето, си велат сега дома, којзнае кај му ѕемнат ножињата, прстињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми идат неговите зборови: ,Којзнае кај ми скита сега чупето, кај му ѕемнат ножињата, прстињата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Венезилос ќе рече: „Словеномакедонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари“ (фала богу, фала богу) и се прави Абецедарот, лепата чупа п'лни вода, но под притисок на владите од Софија и Белград, се уништува, а Венезилос пак ќе рече: „Ако Словеномакедонците бараат училишта на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложи за нивно остварување“, но пругоре вода не се навраќа, оти и врвот се плаши од потоп,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако на долната порта излеговме од црквата, мажите почнаа да пеат извикувајќи колку што можеа погласно: Крсти креваме, Бога молиме, Да ни се роди Жито пченица И бело грозје И машки дечиња И женски чупиња...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така, откако ни ги ставија шамиите преку главите и ни ги врзаа под брадите како на чупиња излеговме да одиме в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мори голема момо, се огласува Влаинката Роса од зад неа, во е то Скопјето!... така ми иде на умот мори чупо! Ами велиш бре мајко Росо?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка ѝ на Чана се огласува со премален глас Тргни се мори чупо уд там!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Златната Пеличка станала цала чупа! И умна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе