шарка несв.
шарка ж.

шарка (ж.)

Тоа негово изнагрдено од шарка лице излачуваше наметливост и волја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше Претседателот со онаа негова мека карирана кошула со големи црвени шарки, и со неговата пустина на местото од машкоста на неговото лице и во очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше и со сите нив готов, го запна крилото на шарките и добро го затвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Змија? - се стаписа Денко. - Змија, ами што! Има пепелашки, шарки, а нека те служи среќа да не се сретнеш со џиркалец!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега тие змиулести шарки по патот му беа најдрагото нешто на светот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Има голема глава, кусо дебело тело, има цик-цак шарка на грбот и мало рокче на устата. Таа може да се џирка и затоа се вика џиркалец...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пред нејзините грижни очи тој се преобразува од мртовец во змија, долга, темна, со сребрени шарки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој седеше зјапајќи во мраморната шарка на корицата од тетратката, обидувајќи се безуспешно да го исклучи гласот од свеста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако, се разбира, ќе треба да ставите нови шарки ако сакате да ги употребувате крилата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше не само да се тргне шарка околу себе и своите пљачки, туку со нешто таа шарка да се продолжи и нагоре, до горната плоча.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Горе се појави Геле Колишев со темна сенка во лицето и лснати очи Ние првни са качиме и удрик бела шарка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Душемето ги покажа чамовите штици со кафеавите шарки низ нив од чиј насмев чиниш и одајчето како да се подрашири.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сети се кој ти ги знаеше шарките на петите, лузните на табаните и глуждовите твои, возбудените удари на срцето твое?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ги собирал „шарките и белезите од животот... закачени и виснати како избледени панделки и крпчиња по глоговите, по плотовите“ - речено со зборовите на баба Ристосија од Горно Село - но паралелно со тоа трагал по онаа единствена заедничка приказна на човештвото со која и ја отвора својата книга: „Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ“ - гласи првата реченица од првиот расказ на книгава (Ноќта спроти Свети Никола).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во подрумчето од дрвениот ковчег што остана зад старците ги побараа пљачките на трите внучиња, испрани и убаво здиплени и како што ги вадеа, ги рашируваа, ги прегледуваа и по истата шарка пак ги диплеа и ги редеа врз големиот сандак на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го поттурна мракот престорен врата и шарките ја разгрнаа темнината, старицата - ноќ од одајчето штрбаво списка (си го покажа мракот единствениот бел заб печката плинска).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе