шајкача ж.

шајкача (ж.)

„Реков два...“ Поднаредникот го бришеше испотеното чело со шајкачата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тромаво се сврте кон златестото лице на поднареникот. Не сфаќајќи, ги побара под големата шајкача ситните стаоречки очи и воздивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се тркалаат на една страна отсечени глави и на друга шајкачи, кечиња, калпаци, шубари, пискули, фесови, чалми, козирки. Сини, бели, сиви, црни, црвени, бели...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На пример војничкиот каиш и шајкачата на војникот вистински постоеја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи