шило ср.

шило (ср.)

Крсте не дотраа, пак се испули кон нив и пак боцнат од невидливото шило, ја заврте главата, и пак му даде зорт на магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Над реката, како мост се ниша омарнината, се среќава шило и осило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што не го чу бесното удирање на копитото по плочникот, само што не ги виде наведнатите рогови, остри како шило и крваво–зеленкастата слина што капејќи низ улиците ја остава трагата на јароста и суровото господарство.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Најмногу роговите ги употребуваа за шила за напутување на опинците или ги чукаа некаде на засолнето. Не ги фрлаа и не ги газеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Браво, бе, машко!“ го чув и видов Стојан Козето седнат на триножното столче едно педесетина метри над мене во воздухот, со престилка на себе и шило и чеканче в раце, “ама поќе ништо не ми треба! Сѐ имам дестур!“ и широко насмеан покажа на куповите ѓон до себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)