шлем м.

шлем (м.)

Уште пред да истечат и да изгаснат со тап удар во некој ѕид, шлем, или чело, потрча чувствувајќи дека нозете се отплеткуваат од жиците на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крвта под железните војнички шлемови не е ни посветла ни потемна од ноќта. Тоа е ноќ во ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И што бараат овие луѓе со сјајни шлемови во нивната куќа?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Обесен на ѕидот и врзан со еден тел, висеше еден војнички шлем.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Уште шлемот. Ајде стави го. Така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А дедо беше нашол еден бугарски шлем, па до пред некое време во него им дробевме на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До вечерта Бојан истрела уште неколку куршуми, целејќи во еден стар, ’рѓосан германски шлем, останат на колибата уште од Првата светска војна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашите работници со шлемови на главите, во сини рботнички блузи, беа распрскани по објектот. ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А на пругата, што ќе видиш: купишта војнички казанчиња, матерки, порции, пушки без кундак, железни колци и ногалки од топови и шлемови и што не. Сето истурено, израстурено, сплескано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој потврдува со глава, малку збунет, модрочеличниот сјај на очите се губи по шлемот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Некои вареле и качамак во шлемовите. 161
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Главите им се покриени со железо, со некакви шлемови што им светкаат ко тикви - видимки, ко црпки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еј, грчки глави под англиски шлемови, вика и кашла, вие се борите за кралот, а кралот за Англичаните!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми даваат и шлем, шмајзер и две пачки муниција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе