шмеќар м.
шмеќарува несв.

шмеќар (м.)

— Добро утро, бре шмеќар! — се нашегува Стојан со него — каде си тргнал вака со вујка ти?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко Балето страшен шмеќер е. Го намириса Илка оти е запален за Рожденката, а знае оти и некоја бела меџидија ќе падне, па затоа ја зеде работата не на шега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе ти каже тој шмеќар? Шо да ти кажал, те излагал — млеко да го напоиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој поп голем шмеќар е. Се слуша тие го отепале и стрика Анѓела Јанчески, ама оти вие велите дека стрико Анѓел си умрел од своја смрт, јас ви верувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)