штом сврз.

штом (сврз.)

Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна, радосен ќе ми те баци . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Го викавме војвода, господ. . . штом наумил нешто - веднаш го вршеше лесно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом опасност видеше Кузман од негде, тој тешко мавташе оружје ледно. Во погледот - острина.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом е така, тогаш нема смисла и понатамошното спротивставување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во иднина светла, во иднина нова, татковино наша и родино клета, штом овдека златни ќе зазвучат слова, во чудесни ружи ќе расцутиш сета.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И штом ќе го чујат на куршумот екот низ планини диви, ќе истрпнат многу.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Реформите руско-австриски, штом се меѓународен акт, ќе им даваат право секогаш на Македонците да настојуваат пред големите сили да се исполнат во целост.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом ќе чуете да пукнам, до мене да сте! Се разбравме ли?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ВАСИЛКА: Штом е за невестата да ми заигра во куќава — тука сум јас! (Кумот оди во брачната соба, ги зима Антица и Николаќија и ги донесува во салонот каде подредува оро: тој прв оти Антица, Николаќи, Василка, старосватот, деверот...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Штом ќе ти дадам знак значи дека нема никој и излегувај. (кинисуваат баба Анча прва, а Илија по неа).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Брат ми е болен од офтика. Штом ќе умре, стрико ви ќе се пресели во неговата куќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Има, сигурен сум, уште од турско време. Штом сме почнале, ќе завршиме. - Ќе завршиме, реков.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А штом човек тамаше по тоа време парички, другото се беше лесно, особено попењето.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И штом го виде дедот Петка оти иде кај нив, веднаш се сети дека работата е готова.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ама и ти не си за карање, де! Ете така, и она — како мачка на сланина. Штом те виде почна да се оближуа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Штом останаа сами, дедо Ангеле се приближи кон комитите: - Абер ви носам, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш дедо Геро му смислил: „Добро, штом сакаш смешка, смешка ќе ти кажам, туку дај да седнеме да ручаме, па нека ти биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Штом Бошко се приближи и додека да го поздрави, дедо Најдо, чиниш не му е грижа за добарденот на Бошка, рече: - Седи, намести се како ти е најубаво, - и му го подаде ќесето со тутун.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена, измамена од гласот на далечината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи