што (изв.)

Но што!... Од огнот борбен момата се плаши млада; нејзиниот е мускул слаб.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Што?! - се избезуми татко му на Митко и брзо по телефонот ја побара Противпожарната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Што ти е дете? - нежно запраша мајка му и стана. - Ништо, - низ солзи одговори Бошко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој сега убаво ги отвори и двете очи. Што? Балон? Да.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Командирот поцрвене како пиперка и луто викна: - Сус, бре шејтан!30) Што лажеш!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Кинисала куса канделина да ми оди у Препреченка на гости во темни зори и магли замаглени; ја пречека тој Препреченко и ја праша: „Каде вака, куса Канделино?“ „У тебе на гости, брате Препреченко”, му рекла куса Канделина, да го видам кога ќе се роди татко...” Што е тоа? „Вошка!” „Не, искра од оган...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Е, добро не плачам повеќе. Ама солзата ме плакне кај што ме боли. На болачето. 115
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
-Е пукни сега, господе, викам, викам, што ќе ми земеш повеќе: опинциве, болвиве, што, викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Немој, бре, Дуко, му велам, што ќе изгубиш ако не се презиваш Вендија. Нивите, парите, што, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме згази, душата да си ја згазиш, слушаш, оф, мори мајко, што ти направив да ме родиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Која маштеница? — Таа што требаше да ни ја донесеш... — Што, не ви ја донесов? — Остави ја за другпат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што, како? — Така и така, велам и си ги стискам нозете, се стегам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што?! – ги подигаше своите раменца куклата, а со некој забест поглед го јадеше соговорникот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Што, што? Кажувај ми, немам трпение!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Чорти, чорти! Ах вие ѓаволи! Што ме напаѓате мене? Пуштете ме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што??? Па ти не знајш шо збораш, чупе! Ти не знајш со кого збораш! Вакви теории има да си ги избиеш од главата во моментов!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Што! Да живее како јас! Номад цел живот да биде и бележан со униформата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И не тепаа, коса и мустаќи ни корнеа по недели,и празници затоа што ова не сме го беселе на балкони - чардаци?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На изненадување на Татко, Камилски започна да ги пее на француски јазик тие стихови на Марселезата: Quoi! ces Cohortes trangres/feraient la loi dans nos foyers!/ quoi! ces phalanges mercenaire/terrasseraient nos fiers guerriers. (Што! зар овие странски кохорти/ќе бидат закон во нашите огништа! / Што!/ зар овие платенички фаланги/ ќе ги победуваат нашите горди воини).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК