што (сврз.)

Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Не се спротивстави коскената и јака маса на секот, што во овој миг до мишката, делејќи меса, сосем лесно стаса, и Махмуд пушти грозен крик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кој ќе го раскаже она што жените,кога ќе тажат над мртов, го редат? ....
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Та и сами знаете: в прашина, мртви, десетмина јунаци лежат што смртта ги смами. скапи за земјава жртви!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Што си дошла ти самичка без сина, без штерка или немаш ти роднина, иста кукавица?
„Крвава Кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
– „Море, од кај те познаваа, бре Силјане, што те честија,“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– "Ха, еве ти, Силјане, тебе работа како што бараш, му рекол анџијата на Силјана, на нога да шеташ по селата".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Слушај, синко, нешто што ми текна да ти кажам: за Сивета и Чулета.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
147. Кралот и царот на средновековна Србија Стефан Душан (1308-1355) мошне често е предмет на размислувањата на Мисирков, при што особено се нагласува посебниот однос на царов спрема Волкашина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
30. Зборуваат притоа: како што беше во Источна Румелија (Јужна Бугарија),а таму ќе се види каде има Грци, каде – Срби, Бугари, Турци, Власи и Арнаути.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското – „Св.Климент” насекаде каде што живеат Македонци. *Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-лигературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама, се рекло: каде што женина рака чеша, друга не!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
И ако не умрам дома туку кај што стии пиштат в борба искри кај што л'штат блазе, речи на душата - има зошто душа да е!
„Бели Мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Подигни очи - очи засвети онија очи, што душа горат!
„Бели Мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Знаеш ли ти дека вприквечерина се сретнав со него кај Антица, по еден случај, и се скаравме заради тоа што не ми ја даваше?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На време Рацин излезе. Како што лице огрева на млада мома убава кога ја либе пресретна, така им лице огреа Рацин со „Белите мугри“.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Сето тоа потраја само малку време, а после се’ се смири, само што и потаму јачеше громогласниот смеј на чудовиштето: – Ха-ха-ха ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За последен пат Мече фрли поглед на блатото: под зраците на сонцето што заоѓаше, водата гореше во крваво-црвени одблесоци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи