шурне св.

шурне (св.)

Ни ги шурат главите до гола коска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таква светлост народецот на вилаетов не познавал и не мислел или не се надевал дека ќе дојде еднаш, дека ќе шурне незапирливо од море или ќе се спушти од планински врв да ги облагороди со утеха и тревите и луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)