ѓаволест прид.

ѓаволест (прид.)

Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече, дај вода! … А Мече ги гледаше ѓаволесто и никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се вцрвив стискајќи ја шубарата. Мира ѓаволесто и насмевнато ме гледаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но глувчето си е глувче, ѓаволесто и вражесто: се растрча по клупата, го напна конецот и: фак! - рипна во градите на учителката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Па ќе ти даде бонбонче, а можеби и чоколадо. - А, не! - ѓаволесто вели Билјана. - Срамота е!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ајде да гледаме инаку! - малку ѓаволесто ми вели таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ѓаволеста насмевка му се лизна по лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ќе му дојдеа пријатели дома, ќе им речеше ѓаволесто: „Денеска не мислев да пијам баш - но ќе се кандисам за атерот ваш...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со исклучок на неколку документарни фотографии - како онаа славната на која Дишан чучнат на клупа во еден парк во близина на Париз прави ѓаволеста гримаса на ококорено исклештен монструм - на кои се наѕира само трага на овој аспект на уметникот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Право на него. И да му свртеше грб, сонцето ќе го биеше со своите стрели од зраци - безмалку како ѓаволестиот ангел на љубовта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК