ѓавол (м.)

И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: "Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: "ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува") и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нека ги ѓаволот однесе! Веќе не мислам на нив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
АРСО: Е, ова е: сакам да се посветам, ама ѓаволот не ме остава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Та кога ќе ги додадеш и пустите пари и стока од Антица, како што ти реков: „ништо не го запира да стане и црн ѓавол“!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Каков Ѓавол? се обидов да изгледам рамнодушен. - Ѓаволи нема. Ти тоа го измислуваш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Какви одаи, по ѓаволите? Што трескаш? Јас одаи не барав. Во друго беше работата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Денеска ме излага ѓаволот, та ошче еднаш — толку жив ќе биде!“
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Само себап да се стори, да не ми страдаат дечињата, кај а намери ѓаволот, в реката да појде и она и он.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По ѓаволите, момче! А зошто се кучињата на овој свет?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За јатак ѓавол ќе ме смета.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе заспие страчка в гнездо, а тој, ѓавол, ќе се качи на топола и ќе ѝ ги извади јајцата од под опаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но кога работи ѓаволот – што ќе прави господ – вели народната поговорка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само чавките, тие ѓаволи, кога ќе се сјурат од камбанариите и од високите јасики - бог да пази...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа осети како ѝ се врти во главата. Ѝ се чинеше дека блесокот на тоа злато е пронижувачки поглед на самиот ѓавол што ѝ ја грабна младоста, здравјето и среќата и сега сака да ѝ ја земе и последната сила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како федери да исфрлија ѓавол од детска кутија - виде непознат лик и го зграпчи столот од зад себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Грда е староста! - воздивнува жената. - Ѓаволи!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи