ѓердан м.

ѓердан (м.)

Еве друго што ќе ви кажам: сестра ми Босилка седеше еден ден во двор на ругузината и си шиеше едно ѓерданче и од ругузината ѝ загина; по неколку дни невестата ми Неда седеше и таа во двор на ругузина и си везеше вдовичинска црна кошула, преденото со сета игла везарка и загина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога го побара ѓерданчето, го немало; барала, барала и не го нашла, плакала и колнала едно чудо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете некни ѓерданчето на Босилка ѝ загина; не е човечка глава да, човек умира и никому ништо, а ќерко, а не ти оти едно клопче ти загинало и да плачеш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Знам оти ѓердан веќе не нижеш, знам оти чеиз и ти не везеш, знам, Вело, пусто остана сичко - не ли си и ти аргатка клета?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се - денови аргатски маки големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
За себе само ргај си за себе маки тргај си - нижи си ѓердан денови нижи си алки ковани, нижи си синџир железен околу вратот навезен!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Носел и златен ѓердан, но децата не го видоа кое од страв, а кое и затоа што му го покриваше брадата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе видиш какви амајли- ѓердани за жените ќе излезат од нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во ѓерданот од убави денови и настани, првиот жетвен ден избиваше над сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Спроти недела на моите колена кога ноќева Нејзините ѓерданчиња од црни и жолти пеги на вратот - Како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутки Нејзиниот глас – потих од нејзината сенка во зорите, Нејзиниот од – потаинствен од прошетката на светлината Низ земните длабочини до плодовите Дури ножева таа На моите колена Незнаен ковач жар на дланката ми носи Да запалам цигара.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Да ви остави издупени вратови, па носете после тешки ѓердани!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
се натсвируваат децата со свирчиња; тропаат со штракачки, пукаат балони, пукаат пиштолчиња; џишкаат по тезгињата разновидни накити (синџирчиња, огрлици, прстенчиња, обетки, чапраѕи, гердани, тунтурици, крсчиња, бросчиња, белезии);
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Околу вратот ѝ ставивме ѓердан од цвеќиња од мајчината градина. Тргнавме за кај прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
При нишнувањето на главата ѝ се нишнуваа и долгите златни обетки одблеснувајќи на светлоста. Ѝ блеснуваше и ѓерданот при помрднување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Точно во 12 часот се нанижува најголемиот светски ѓердан од бакнежи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На сите дечурлиња им обеси околу врат по еден ѓердан најразновидни бонбони, па и по некоја свирка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А, камчево личи на килибар, една смола, многу скапа и ценета, од која се изработуваат украси за прстени, ѓердани и друг накит.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе