ѕвезден прид.

ѕвезден (прид.)

2 Неколку дена по тоа, во една убава ѕвездена ноќ, железницата ги носеше нашите бегалци надолу, на југ.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во првата јунска ноќ, млака, шумна и ѕвездена, се сретнав со Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А знаеш ли да сонуваш ѕвездени врвици? Знам, пак ќе му рече. Сѐ знам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Коските на долапот растурени како стари гробишта лежат измешани со сенката на оној што некогаш ги створи ги нема бисерите ѕвездени во водите да тежат ни утрото по класјето и ридјето да гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Со денови талавме низ песочиштата по степите на Азија И во ѕвездена ноќ стигнавме во грд Во кој ништо не можевме да распосзнаеме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А кога престана брмчењето на моторите и во котлината се врати тишината, тој се загледа во ѕвезденото небо и се почувствува уште поосамен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Околните дрвја, белината на снегот, ѕвезденото небо почнуваат да се вртат во ритмот на лудечки валцер. – Вака ги ловам – кикотот неземен, а толку вистинит, опчинувачки танцува низ изместениот простор . . . еден, два, три . . .еден, два, три . . .
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Под звездено стебло колку што трае Бог ќе чекам зашто не чекам само за себе да видам како се здружуваат коските на едно исто тело, како се извишува в троено делото на нејзиното величество – Татковината!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Само таа умее да се моли и да ги пресоздава нашите мртви коски во ѕвездена светлина под која ќе нѐ споменуваат децата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ноќ е, августовска и ѕвездана. на крај Кукулино гори трошливата и стара куќа на покојниот Осип Крстин. Дури и небото е црвено од високите пламења.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема запреги и нема маѓесници, русалки со коси од ѕвездени нишки, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Галактиката е ѕвезден систем составен од над двесте милијарди ѕвезди.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оние што од неспиење не се плашат јадат питомо од ѕвездената рака на ноќта најразлични сознанија.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
На неботот бел срп светка, ѕвезден овес тој ќе жнее.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи