ѕвездичка ж.

ѕвездичка (ж.)

А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како дете, му откриле белег – ѕвездичка над папокот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ама, кога погледот му затарашка понатаму од куклата, кога на некаков плафон над нивните глави здогледа дијамантски лустер, што расфрла млазови светлина во разни нијанси усукани едно во друго, а под лустерот елка накитена со, исто така, живи ѕвездички од бесценети камења, тој полека, полека се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Исказите на кои според користените извори им се припишува  автентичност, се обележани меѓу две ѕвездички.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи