ѕверски прид.

ѕверски (прид.)

Од ѕверската јама на општинскиот писра избиваше несносна пискотница на виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги преполовив. Но и преполовени се вртеа околу мене и ме задушуваа со ѕверска врелина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ја слушна и последната строфа од песната, ја запре свирката и ѕверски и се впи во очите: зовре од гнев и лутина, та замавна и силно ја удри со тамбурата по глава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие ја намирисаа неговата намера за српското мухамеданско царство, та му припишаа и намера дека тој сака да стане цар на тоа царство, па организираа заговор против него и на 11-X-1579 година тој беше убиен на ѕверски начин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имаше една приказна која кажуваше како Волчарот голорак се фатил со некоја разјарена волчица, а во вистинска ѕверска борба, сиот испокасан, раскрвавен, успеал да ја задави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Негде, на крај село, не толку далеку за да не се слушне и не толку близу за да се истрча од куќата, се растревожија кокошки: тоа бездруго итра ласица со крв ја гаснеше ѕверската ожеднетост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Болниот од жолта јанѕа со ѕвечави заби раскажа дека некоја сенка со ѕверско тргање му го грабнала парчето месо во кое и не загризал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи