ѕвер (м.)

Се уплашил сиромав Силјан едно чудо, чунки си рекол со умот оти ќе бидат некои ѕверови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но тоа име во очите и устата на Грците имаше уште специјално значење: најомразени за нив варвари, луѓе необразовани, груби, коишто граничат со ѕверовите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Види го ѕвер!... Види го ти него патриот — идиот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Това падна, сал се валка и не може да стани. Не ми беше црно орле тук ми беше Хитлер ѕвер.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ама за ѕверот - мечката или рисот... Земи ги пилињава шумски.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката што меко се отфрлува од задните на предните шепи и волците кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би знаел тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ниривина, кричев во очајот како ѕвер. - Ниривина. Секој ќош на собата ми враќаше ехо. - Модри печати на вратот... - Ниривина!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И токму тоа ги правеше ѕверови преживеаните султанови војувачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И Ајша наеднаш се претвори во ѕвер.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му се причинуваше дека се ближат и го демнат ѕверови. Го слушаше нивното блиско ’ржење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Што станува со тебе? Риба ли си или ѕвер? - Ни риба, ни ѕвер!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како ѕвер фатен в клопка, Џемал-ага лудее, удира со прангите, ги крши вратите, ги копа ѕидовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јасно беа забележливи и двете киски на ушите, и сиот склоп на телото од ѕверот, за да може уште на прв поглед да биде наполно сигурен со кого си има работа, и воопшто да не помисли да се спротивставува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секој по нешто ќе речеше: го виделе овде, го виделе онде, но јас и Васе претчувствувавме дека него го нема: распарчен е од некакво ѕвериште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, како и да е, грмежите ќе ги исплашат ѕверовите. Ќе се витосаат некаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе