јабана ж.

јабана (ж.)

Го барав и во пасошко, да не го дупнал ѓаволот па да фатил јабана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Едноставно ги снема. Беа едни од првите кои што заминаа во транзициската јабана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А царштина без цар не бидува колку и да има такви Кои себеси се замислуваат навалени во рускиот царски трон Не знаејќи можеби дека и тронот отишол јабана Пред црвените јазици на октомвриските пламени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Си прикажуваме ние за нашата младост и во тоа прикажување наоѓаме и двајца наши кои јабана загинаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Застана и подигна муцка кон својот колега, чиниш му вели дека јабана е работата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дури и мојата самодоверба отиде некаде јабана. Многу е лошо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Шеткаш лево-десно, се топориш пред народните непријатели, јабана кинеш ѓон и дневно добиваш три порции леб, а таму во Егејот истовремено нашите браќа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи