ја (сврз.)

– „Ете јас бев, мајко, што ги зедов, ѝ рекол, ја качи се, бре Смиле, на куќа кај што стоев јас, побарај во сламата, ќе ги најдеш, земи ги вамо да ги видат за да поверуваат“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– "Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го, му рекла Неда, оти е гревота, зер и тој, завали, е некој вдовец ја вдовица како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го нема.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја ај кажи ми да чујам јас, да да видам имаш ли право што се срдиш?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Биди жива и здрава да исчекаш и да ме ожениш. Ја свеќа ќе ми запалиш, ја венци ќе ми целиваш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
И навистина, сето значење на Хегел, сета негова бесмртна актуелност, се наоѓа во неговата логика, во логиката што Хегел ја издигна до степенот на дијалектика, и која е единствен клуч за разбирање на принципот за „самокритиката“.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
— Ами со шо, мила невесто, се готви кокошка? Ја со бонгур во грнето, ја со бел ориз на тепциата!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Ќе видам. Домазет не го давам, ќе го женам за чесна девојка со мираз - ја коњ, ја вол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Е, Сефедин ја виде ѓаурската клетва и беса? Ја сега што правиме?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе видам. Домазет не го давам, ќе го женам за чесна девојка со мираз - ја коњ, ја вол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи