јогурт м.

јогурт (м.)

Ако биле жедни многу Вокер им давал и јогурт.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Ова личи на јогурт, - рече. - Јогурт? А што е тоа? - праша дедо Иван. - Градска матеница, - рече Бојан. - Само погуста, и не ти даваат да пиеш колку сакаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Да ти турам малку јогурт, вели, пак ти се црвени очите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вака, сами ние двајцата, можеме без брзање да си го пронајдеме купето, седиштата, удобно да се сместиме, па дури ни остана време и да купиме по осминка бурек со јогурт што го јадевме седнати крај прозорците на вагонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пензијата на дедо е мала и затоа можеби навечер најчесто јадат попара со јогурт, иако тврдат дека тоа е најлесна храна за стари луѓе како нив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пижаместото протегање на балкон. Двете симит погачи и јогуртот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Не повеќе, рече Лу, сега ја следи книгата за бела магија, која зборува како да ја реконструираш структурата на своите ќелии - се занимаваш со своите ќелии и пиеш, да речеме, јогурт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А место кока кола – јогурт! – му вели Димитар на другар си што за час „смачка“ една четвртинка со сирење.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Џим со јогуртот, а особено со бозата, има извесни проблеми.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Колоните полици се сокачиња специјализирани продавници полни со минувачи, а пред една таква турканица, мислам дека беше во „уличката“ со млечни производи, претпоставуваш – онаа со сите оние овошни јогурти, милк-шејкови, путери од кикиритки, мини нес-кафиња со сламка, млечни кремови, ете го Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сакаш ли, хаха, да добиеш берат за мајстор на јогурт и јако сирење?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Списокот не е голем: суви пиперки, јогурт, младо лукче, фиферонки у пластично шише од литроипол, ракија у исто шише ама од два литра, рибизли, овчо кисело без овошје, шампити, добри вишни...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Црвено лакираните нокти, посебно дотерани за оваа прилика, одлично пасуваа со сината униформа, со само една бела дамка на реверот, која наспроти првата асоцијација, беше од јогуртот во кој утрото го мацаше ѓеврекот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Ѓеврек и јогурт. - Дали е тоа сѐ? Потврдив, иако тоа не беше сѐ.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Печев леб, правев јогурт - Ден он сака јогурт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа, татко ми своите таблети ги пиеше редовно, во нејзино друштво, со четврт бурек и јогурт, таму горе на ридот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во аранжманот е вклучен и четврт бурек со месо. Јогуртот не влегува во цената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стабилен е како човек зашто секој ден јаде исто, четврт бурек и јогуртче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе