љубичица ж.

љубичица (ж.)

Кога ја зеде во прегратка, облаче од синтетички мирис на љубичица му ги исполни носниците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посебно изненадување за мама Злата беше колекцијата на егзотични љубичици, што со години ги одгледува учителката Мица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Пред десет години моите ученици за Осми март ми ја подарија оваа љубичица - ја викаа афричка, јапонска, кинеска, егзотична - а јас си ја викам едноставно моја.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од учителката Мица обезбедија и подарок - убаво расцутена егзотична љубичица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)