љубоморен прид.

љубоморен (прид.)

Љубоморен сум на актерите преку кои таа доживува некој свој свет, нешто што ѝ недостасува.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А знаеш дека ранетите се себични, а мртвите љубоморни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навистина бев љубоморен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Љубоморно поднаведната убавицата ги допре усничките до младото лице, заречувајќи се трипати едноподруго.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И лицето, и суровиот пламен на љубоморното срце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Љубоморен сум кога некои комплети ги снемува од тезгите и рафтовите и тогаш болката што ја чувствувам ја лекувам со по некоја позајмена книга од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неговите пријателства, неговите забави, неговото однесување со жена му и со децата, изразот на неговото лице кога е сам, зборовите што ги изговара в сон, дури и карактеристичните движења на телото, љубоморно се испитуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ти нема никогаш да бидеш љубоморен?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Љубоморна сум на сите тие твои соименици. Заради нив може да ти се случи мене да ме заборавиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А откако го остави на масата тасот со леблебија и бадеми, шепотејќи се потруди да објасни: - Самоников денес е љубоморен, завислив и малку поднапиен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојано ме гледаше како да зборувам за некоја ситна, љубоморна женска караница, па можеби тој негов поглед ми ги правеше зборовите толку бесмислени и не ми дозволуваше да се оправдам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа знае да ме опседнува. Намерно да ме прави љубоморна, станувајќи понекогаш туѓа муза.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби беше љубоморен што во клубот сум изложена на многу машки погледи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Постојано му беше љубоморен зошто ме запозна пред него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК