љубува несв.

љубува (несв.)

Доста го гледа како расте и се љубува на неговиот напредок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одеше тоа по неа, како да имаше под себе еден широк мост, сосема слободно, и Језекил, љубувајќи му се, просто сети како почнува да оздравува, но тоа траеше само додека момчето не беше стасало до средината на талпата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да им се љубува од својата далечина, сѐ додека сите тие четири познати лица во еден миг не се свртеа кон него и сè додека не му се загледаа во очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)