ќар м.
ќари св.

ќар (м.)

И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Немам невидливи пари. Вие како трговци не ќе имате никаков ќар од мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
-Те уверувам дека ќе бидеш во ќар.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И така секогаш натаму со стар, наваму со нов велосипед и ќарот три и петпати поголем.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие, европејците де, измерија од тука, измерија од ваму и од таму и откако видоа каде е ќарот, на Грците и на Болгарите им испратија немски цареви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќарот беше поголем од пензијата што ја имав и деновите поминати со дамите, сопственички на разгалените четвороножни пријатели ми беа исполнети со задоволства и радости поради што останав стар беќар...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- А, што ќар ќе имавме и да беа, ќе беа само утрини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Александар никогаш не отиде, малку од мрза, малку од тоа што му беше непријатно да игра улога на социјала која фаќа ситен ќар од пријателството со ќерката на гардиски полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секогаш така играле. Ќарот или загубата биле симболични колку да остане привлечна играта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи