ќебап (м.)

На Чук Нам во Македонија во најголем казан му вареле јанија, во Србија ќебапи печеле, а од замаглената Британија со вагони бивтеци влечеле.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
„Додека бидат ќебапите може ќе бапнам некој ќелеш„, иронично рекол ќајата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќе има ли скоро ќебапи?!“, прашал ќатипот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
ДЕСТАН 100 трзаи со четка пред спиење Зубите бели А кромидот од ќебапите никако да изветрее
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најдобрите ќебапи се од Ќебапистан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи