ќелав прид.

ќелав (прид.)

Место него улицата ја посетуваше груб и ќелав полициски агент со очи-копчиња впиени во прозорецот со чипкени завеси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мал, ќелав, никаков, орев да не му земеш од раката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму, над ќелавите глави на виолинистите, плива бушавата, светла коса на шансонерката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
2. АКО СИ ЌЕЛАВ, ГОЛОГЛАВ НЕ СЕДИ - не за да не настинеш народецов се плаши, туку да не те есапат за мудрец кој вреди да ги изреформира сите школства наши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Татко ѝ, некој мирен опаднат човек, вистински старец, во црна свечена облека и сосема ќелав, веќе се беше напил и можеби поради тоа постојано му течеа солзи од очите, мали, збрчкани, закрвавени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Хрушчов го подигнува малото шеширче, ја открива ќелавата глава и пруса, ги ситни чекорите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ветерот го однесе нестудот, се земјоса есента ќелава.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
37 Трчаше до планината на крајот од земјата, додека не го изеде небото, а тогаш низ тишината на заспаните птици слушна како од другата страна на планината се качува џин, прво над гребенот го забележа сјајот што го излачува неговата топлина во ноќта, потоа се појави бледата, ќелава, таткова глава.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само кога ќе се случеше да ја стави дланката на ќелавото теме, изгледаше како да се сеќава на уништеното лице што го гледаше од огледалото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цртите на лицето му беа отврднале, кожата на носот и на образите му беше огрубена и црвена, дури и ќелавиот череп му беше премногу темно розов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно изгубено, затвореничко лице, со чело како јазол што завршуваше во ќелаво теме, со свиткан нос и испакнати јаболчни коски, над кои очите беа трескави и испитувачки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му отидов таму, седнав на навлаката за раце, го бацив среде ќелавата глава и го прашав, „Не ми докажа:“, му реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако таксито нè вози до „Ексцелзиор“ и по предвидливиот дочек на рецепционерот, без оглед дали е оној постариот го густа, бела коса или помладиот, ќелав
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќелавото теме му беше обрабено со ореол од побелена коса, од која сѐ уште понекаде се наѕираше онаа нејзина темна младешка боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некогаш калеши, исправени, сега белоглави, потсвиткани, ќелави, згрчени, потпрени на патерица. Се поздравуваме и се прибираме во групи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја стави врз ќелавата глава и сивата паларија со широка сенка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Некој штрбав, или некоја ќелава, грбава полесно ќе ја вработат од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зоки задоволно климна со ќелавата главата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На мајорот очигледно не му се допадна друштвото, па се замуабети со еден ќелав член на парламентот во црн костум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи